Почитувани ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Благодарение на Kriterium Music, светот на пијаното повеќе не е мистика туку достапна реалност за вас. Од прашање и идеја преку стручно советување и нацрт, до професионално изведување и овистинување на вашата замисла.

Последните достигнувања и иновации на модерното пијано наспорти старите прекрасни примероци, парчиња инструментални антиквитети...

...Единствено во Kriterium Music!

...

НОВИ ПИЈАНА

C. BECHSTEIN

  • Експертиза за изработка на пијана и занаетчиство кое е вкоренето во долгата музичка традиција.

  • Пасија преточена во рачна изработка и прекрасен звук.

...

ПОЛОВНИ ПИЈАНА

  • Уникатни примероци од традиционалните градители на пијана.

  • Почувствувајте го неприкосновениот квалитет на германската мануфактура, несовладлив од времето и годините.

...

ДИГИТАЛНИ ПИЈАНА

  • Светот на дигиталните пијана – неисцрпна и бесконечна инспирација без оглед на музичкиот жанр, стил и потреба.

...

КЛУПИ & АКСЕСОАРИ

  • Создавајте правилни навики – збогатете и олеснете го музицирањето

УСЛУГИ

Штимање

Штимањето претставува процес на прилагодување на напонот на жиците, а со тоа корекција во висината на тоновите како би добиле правилен звучен сооднос помеѓу интервалите.

Сервис

Пијаното е деликатен инструмент каде во голема мера е присутна рачната изработка. Благодариение на долгогодишното искуство и специјализирана обука нашите техничари гарантираат за беспрекорна механичка функционалност на Вашето пијано. За да му ја удоволите потребната нега, која Вашето пијано ја заслужува истражете го широкиот спектар засебни интервенции и операции со кои се доаѓа до идеална техничка поставеност на Вашето пијано.

Транспорт

Со големо внимание, стручност и стратешка поддршка нашиот транспортен тим ќе се погрижи за непречена достава/релокација за секаков вид на пијана.

Rent a Piano

Дали се работи за престижна концерт-сала, мала театарска сцена, училиште или луксузен хотел, на општо задоволство, често добредојде ни посакува домаќинот, неговото височество - ПИЈАНОТО. Во нашата галерија имате привилегија да го одберете најсоодветното парче согласно Вашите сценски потреби, во изборот е вклучено стручно советување со цел овистинување на Вашите музички замисли.

...

ЗА НАС

Во изминатите 5 години KRITERIUM MUSIC дејствува како импортер на музички инструменти - пијана. Добредојдовте во светот на пијаната, уживајте во најголемиот избор и доверете се на Вашиот стручен и принципиелен продажен агент кој вешто се адаптира на Вашите побарувања, а истовремено го одбира најпогодното парче за Вас.

Покрај успешната продажна дејност на нови и половни инструменти, нашиот тим е единствениот, професионален и стручно ориентиран за транспорт на секаков вид на пијана. Со извидување на дадената локација, ги креираме најповолните стратегии и услови за спроведување на транспортот кои соодветствуваат на теренот.

Од нашиот продажен салон со професионален транспорт до Вашиот дом, купувањето на пијано никогаш не било полесно и поедноставно. Од поставувањето на инструментот во Вашиот дом следува аклиматизација на истиот, а потоа на сцена настапуваат нашите стручни пијано - техничари кои со големо внимание ќе го наштимаат Вашето пијано, притоа задолжени за редовен годишен сервис и одржување на инструментот, а за возврат добивате верен музички партнер во Вашиот дом со кого ќе имате долгогодишна музичка релација.