услуги

Штимање

Rent a piano

Rent a piano

Концертниот сервис при KRITERIUM MUSIC овозможува и ја олеснува Вашата организација на концерти, јавни настапи и манифестации од различен карактер. Голем избор на инструменти Ви стои на располагање за еднократна употреба и го заокружува концептот на создавање на концертна сцена и таму каде што ја нема.

Нашиот концертен и ивент-сервис покрај понудата на соодветен иструмент, во својата програма нуди и достава до и од локацијата на настанот, како и монтажа на самото место на случувањето. Вам ви преостанува единствено да ни го соопштите местото, времето и саканиот инструмент, а тимот на KRITERIUM MUSIC гарантира за беспрекорен тек на транспортот и монтажата. На Ваше барање, нашите концертни техничари ќе се погрижат за дополнително штимање и тонска подготовка на самото место на настанот.

Досегашната соработка со реномирани уметници и најпрестижните концертни куќи, на што се надоврзуваат и нивните позитивни рецензии кон нашите услуги, зборуваат за квалитетот и професионасноста кои ги нуди концертниот сервис на KRITERIUM MUSIC.