услуги

Штимање

Сервис

Сервис

Редовниот сервис е од клучно значење за беспрекорна употреба на Вашето пијано. Механиката на секое пијано се состои од неколку илјади поединечни делови, кои при употреба на инструментот се во постојано взаемодејствие и се подложни на абење, поради високиот коефициент на експлоатација. Затоа со текот на времето, во зависност од интензитетот на употреба, механиката претрпува поголеми или помали промени и дисрегулации. За да се одржи прецизно и пријатно чувство при свирење и зачува беспрекорна функционалност на механиката, потребно е навремено да се контролира состојбата и доколку е потребно да се извршуваат неопходните сервисни операции.

РЕГУЛАЦИЈА

Отстапките од зададените норми за правилна акција на механиката, настанати при употреба на инструментот, во нашиот фах-жаргон се нарекуваат „дисрегулација„ Сервисниот процес „регулација„ е повторно, акуратно подесување и враќање на деловите од механиката во првобитната состојба, според пропишаните норми. Овој процес, доколку е потребно, вклучува и промена на финално амортизираните дотрајани делови, со нови.

Резултатот од правилната регулација е можноста за прецизно ракување со инструментот, пријатно чувство при музицирање, понатамошно подобрување и утврдување на пијанистичката техника и развој на рачниот апарат.

ИНТОНАЦИЈА

„Интонацијата“ е уметност на обликување на звучниот карактер на Вашиот инструмент, со прецизна обработка на завршниот филц на чеканчињата. Интонацијата успева, во одредени граници, да го прилагоди динамичкиот опсег, бојата на тонот (темброт) и другите звуковни параметри, кон Вашиот личен вкус и секако на просторните услови.

Зошто инструментот мора да биде интониран?

Со редовно свирење и постојан удар по металните жици, доаѓа до згуснатост и стврднување на филцот од чеканчињата, што го чини звукот на инструментот резок и нијансно осиромашен. Ако во даден случај пак, влакната на филцот, под влијание на повишена влажност, почнат да отекуваат, односно густината на филцот веќе ја губи својата конзистенција, звукот станува тап и помалку динамичен. Едниот процес не го исклучува другиот и ваквите промени резултираат со неурамнотежен и тешко-управувачки (неконтролиран) звук.

Внимание! Контрола на квалитетот

Користејќи соодветни специјални алатки, нашите  квалификувани техничари успеваат да ги компензираат настанатите промени, со обработка на филцот од чеканчињата. Во зависност од барањата на пијанистот, како и интензитетот на експлоатација на инструментот, се препорачува редовна интонација во едногодишен интервал. Големата умешност во интонацијата, покрај одличните основни технички вештини, бара добро развиена рутина од страна на пијано-техничарот. Чеканчињата се важен дел од механиката – тие мора да се обработат конкретно и прецизно, како би се постигнала саканата еластичност, а со тоа и оптимален звук.

РЕПАРАЦИЈА

При користење на пијаното, не е исклучено од редовната пракса и трајното оштетување на одредени делови од целокупниот маханички и корпусен систем. Да наведеме неколку примери: кинење на жица, кршење на чеканче, пукнатина во резонантната плоча итн. Во процесот на репарација, еден пијано-техничар мора да биде компетентен и подготвен за секаков вид на оперативен зафат, согласно видот и обемот на интервенцијата, при настанување на горенаведените и други слични оштетувања.