услуги

Штимање

Штимање

Три главни причини, зошто Вашиот инструмент секогаш треба да биде добро наштиман. Со редовно штимање на Вашето пијано или пијанино, ќе бидете сигурни дека инструментот загарантирано ја задржува својата вредност, придонесува за Ваше големо задоволство при свирењето и е суштински предуслов за оптимален развој и тренинг на слухот на почетниците.

Зошто е важно редовното штимање на пијаното?

Дури и најмалите климатски промени, како и неперманентната влажност на воздухот, имаат големо влијание врз степенот на деформирање на резонантната плоча а со самотото и на истегнувањето на жиците. Овој природен климатски процес условува промена на точната висина на тонот или поточно, раштимување на инструментот дури и да не се користи редовно.  Непходната корекција мора да биде извршена исклучиво од стручно лице пијано-техничар.

Колку често треба да го повикувате Вашиот штимер за пијано?

Пијано-техничарот би требало да изврши штимање барем еднаш – уште подобро двапати годишно, во идеален случај на почетокот и на крајот на грејната сезона. Ова е единствениот начин да се обезбеди оптимален звучен карактер и стабилност во интонацијата т.е. штимот на инструментот. Доколку Вашиот инструмент не е штиман подолго време, можеби ќе биде потребно, процесот да се изврши во неколку фази, со што би се постигнала пред се апсолутната висина а потоа и точната интонација, темперација и секако завршниот чекор – целосното штимање на инструментот.

Знак за препознавање на добрите пијано-техничари?

Техничкиот тим на нашата Пијано Галерија, како и во секоја реномирана пијано куќа во светот, има зададена цел при секое штимање зад себе да остави хамоничен и траен производ. На изворот на пијано-градителството ја апсолвиравме професионалната германска едукација, ја збогатуваме со долгогодишното искуство во пијано-техничката и концертната дејност, не забораваме да се осврнеме индивидуално кон пијанистите и да ги задоволиме нивните уникатни потреби во поглед на концертната подготвеност на инструментот. Нашите техничари задолжително ќе Ве советуваат за правилната нега на Вашето пијано, неопходноста во изборот на правилната позиција на инструментот и придобивките во поглед на долготрајноста на пијаното произлезена од Вашата грижа и залагање.