услуги

Штимање

Транспорт

Транспорт

Дозволете Вашиот ценет музички инструмент да доспее до својата сакана локација онака како што заслужува. Комплексниот процес „пијано транспорт„ е премногу опсежен и подлежи на строги правила и стандарди за негово извршување, се со цел инструментот да биде изложен на минимален ризик од негово оштетување. Пијаното како исклучително чувствителен инструмент поради неговата градба, механиката и резонатната плоча, не би смеел да биде изложен на неправилен и невнимателен третман при транспортот. Голем е ризикот кај составните делови да биде предизвикан механички дисбаланс или истите да бидат трајно оштетени.

Професионалниот транспортен тим на KRITERIUM MUSIC поседува специјална опрема за превоз на пијана, ужива стручна обука по највисоки светски стандарди, долгогодишно искуство и рутина стекнати во најсложените транспортни операции и секако зад себе остава 4-цифрена бројка на успешно изведени најразлични видови на пијано-транспорти.